Полуфинални мечеви на Мастерсот во Париз

На АТП Мастерс турнирот во Париз денеска ќе се одиграат полуфиналните дуели.

Од 14 часот и 30 минути Роџер Федерер (Швајцарија) ќе игра против Новак Ѓоковиќ (Србија). Во досегашните 29 нивни меѓусебни средби Швајцарецот победил на 16, а Србинот на три помалку.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат шпанските тенисери Давид Ферер и Рафаел Надал. Токму Ферер ја брани титулата, единствената од Мастерс 1000 турнирите. Во четвртфиналето синоќа Надал беше поуспешен од Ришар Гаске (Франција), додека Ферер го елиминира Чехот Томаш Бердих.

Билансот во досегашните 24 меча Надал – Ферер е 20:4 за Надал.

Најчитани вести