Три метри достигна водата во поплавената Фарма на Зик Пелагонија во село Радобор.
Се очекува уште наплив на вода од Црна Река, секој час се зголемува нивото на реката- јавуваат жителите од тој крај.
Поплавен е и силосот со добиточна храна, а уништена луцерката плива по реката.
Посевите со пченка во Радобор и во цела Пелагонија целосно се поплавени и уништени. Штетите се огромни, јавуваат земјоделците.



