Порази на Оклахома Сити и на Портланд

Водечките екипи во Западната конференција од НБА лигата Оклахома Сити и Портланд претрпеа порази на гостувањата на ноќешните дуели.

Оклахома Сити загуби од Јута и покрај тоа што Кевин Дјурант постигна 48 поени кај поразената екипа. Сакраменто го запре Портланд откако во третата четвртина прими само 13 поени.

За разлика од водечкиот тандем на Запад, првопласираните на Исток Индијана и Мајами имаа успешна вечер.

Резултати од ноќешните натпревари: Шарлот – Вашингтон 83:97, Кливленд – Филаделфија 111:93, Индијана – Торонто 86:79, Мајами – Њу Орлеанс 107:88, Њујорк – Детроит 89:85, Чикаго – Феникс 92:87, Мемфис – Сан Антонио 108:110 (продолжение), Милвоки – Голден Стејт 80:101, Далас – ЛА Лејкерс 110:97, Денвер – Бостон 129:98, Јута – Оклахома Сити 112:101 и Сакраменто – Портланд 123:119.

Вечерва се играат девет дуели: Сан Антонио – Далас, Торонто – Детроит, Атланта – Индијана, Бруклин – Голден Стејт, Њу Орлеанс – Вашингтон, Хјустон – ЛА Лејкерс, Минесота – Феникс, Портланд – Орландо и ЛА Клиперс – Бостон.

Пласман Источна конференција: Индијана 28-6 (победи-порази), Мајами 27-8, Атланта 18-17, Торонто 16-17, Вашингтон 15-17, Чикаго 15-18, Шарлот 15-21, Детроит 14-21,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 27-8, Сан Антонио 27-8, Портланд 26-9, Голден Стејт 24-13, ЛА Клиперс 24-13, Хјустон 22-13, Феникс 20-13, Далас 20-15,…

]]>

Најчитани вести