Портланд се изедначи со Сан Антонио

Со петтата победа во низа, екипата на Портланд го достигна ефектот на Сан Антонио и се изедначи на врвот во пласманот на Западната конефернција од НБА лигата.

Ноќеска на еден од осумте дуели во најслината светска кошаркарска лига Портланд забележа победа на гостувањето кај Далас со 127:111.

На другите седум средби: Индијана – ЛА Клиперс 106:92, Вашингтон – Детроит 98:104, Шарлот – Мајами 96:104, Чикаго – Филаделфија 103:78, Хјустон – Милвоки 114:104, Минесота – Јута 98:72 и Њу Орлеанс – Голден Стејт 87:97.

Вечерва се играат пет натпревари: Торонто – ЛА Лејкерс, Орландо – Бостон, Оклахома – Сакраменто, Милвоки – Сан Антонио и Феникс – Денвер.

Пласман Источна конференција: Индијана 32-7 (победи-порази), Мајами 29-11, Торонто 20-18, Атланта 20-19, Вашингтон 19-20, Чикаго 19-20, Детроит 17-23, Бруклин 16-22,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 31-9 (победи-порази), Портланд 31-9, Оклахома 30-10, ЛА Клиперс 28-14, Хјустон 27-15, Голден Стејт 26-16, Далас 24-18, Феникс 22-17.

]]>

Најчитани вести