Последниот неуспешен обид за успешно враќање на сцена на диктаторот Груевски

После вчерашниот (неуспешен) собир во Скопје, организиран од владеачката ДПМНЕ, се виде јасно дека пастирот веќе не ја ужива довербата, која до пред неколку месеци ја уживше кај обичните членови и симпатизери, кои на сила со автобуси беа донесени од внатрешноста, се со цел него да му овозможат што е можно подобар и по успешен кам-бек, на политичката сцена, а притоа да се креира слика дека партијата е во одлична кондиција и дека членството во секој момент може да мобилизира луѓе како во најдобрите времиња за нив изминативе години.

 

Но што точно се покажа од овој неуспешен обид:

Прво, се виде јасно дека Груевски и ВМРО стојат катастрофално на терен (владеачка партија која ги има сите државни механизми во раце, а притоа не може да собере ниту 10.000 луѓе на ниво на цела држава).

Второ се докажа дека дури и обичните луѓе кои клиентелистички им се врзани, неможе веќе да ги контролираат(еден голем дел од нив наместо во Борис Трајковски заврши на шопинг во Сити мол).

Трето, дека помеѓу членството владее несигурност, безидејност и страв дека ќе ги изгубат изборите и така ќе треба да се соочат со одговорност за сите злодела кои и ги направија на Македонија изминативе години.

Четврто дека и најјаката страна во партијата пи-арот не функционира, односно дека Мартин се има загубено во комуникацијата со Илија па немсто да се обидат да спинуваат нешто што ќе ги спаси од вчерашниот дебакл (они го оставија пастирот да настапи со еден празен, досаден говор, со една веќе видена и слушана националистичка реторика во која имаше буквално исти реченици како во последните неколку настапи на Груевски…. #очај

Сето ова, гледам, придонесе за кревање на еуфорија кај опозициските симпатизери, нешто за кое не сум убеден дека во мометов е потребно имајки го предвид фактот дека работата е далеку од завршена и дека токму сега следува период кога наместо еуфорија ќе треба сите да ги засукаме ракавите и да се дадеме на подготвување за финалниот удар кој треба да му го нанесеме на режимот, а тоа е да го пратиме во историја.

Во периодот кој следува очекувам од опозициската СДСМ да игра паметно и да одбира креативност наместо излитеност (како кадровска така и пи-арска) оти за победување ќе ги победиме но поентата е Македонија да почне да функционира и не само навидум за приказни и меѓусебно лактање и тапкање по рамо, туку вистински, суштински и бескомпромисно.

Ова битка не само што не смее да биде само за промена на местата, оваа битка треба да биде регенерација на ова општество. Еден по еден, ние граѓеаните да чувствуваме како се менува тлото под нешите нозе, од несигурна и тенка ледина до парче земја на кое не само што ќе можеме да стоиме ами на кое ќе можеме и да изградиме дом.

Замир Мехмети

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести