Последно кафе Мицкоски-Таравари: „Нека му е со среќа, не очекував дека ќе оди во прегратките на ДУИ“

Претстојнава недела ќе имаме последно кафе со претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и јас му посакувам се најдобро. Ова го изјави премиерот Мицкоски со што потврди дека досегашниот министер за здравство заминува од Владата, но и потенцираше дека мнозинството е стабилно. Мицкоски вели Таравари одлучил да се врати во прегратките на Демократската унија за интеграција, но тоа не било одлука на членството на неговата партија.

Господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела на која што ќе сумираме што е тоа што е направено. Најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса за Албанците, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Но дали ова значи дека би можело дел од министрите но и пратениците од редовите на партијата на Таравари сепак да останат во власта или пак ќе се приклучи друга партија во мнозинството, Мицкоски не прецизираше.

-Дали тоа значи и што значи времето ќе покаже, Владата е стабилна, Владата има близу две третини поддршка во парламентот, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Таравари во изјава за ТВ21 вели дека Мицкоски е под притисок на, како што рече, останатата група на Албанците во Владата, поради неговата одлука да оди сам на локалните избори. Тој и вчера на отворањето на канцеларија на Алијанса за Албанците во Бутел рече дека за него не е проблем заминувањето од Владата, бидејќи не е значи ништо ако си во неа а не одиш по европскиот пат.

Повеќе на следниот линк

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести