Постар ајвар носи: За да не стане загубар, ќе морате ајварот на студентите да им го праќате по поста

-Откако го измислија Фејсбук и луѓето повеќе не си праќаат писма по поста, нашата поста е на работ на егзистенцијата и нема веќе пари за крадење, рекоа крадците денеска на прес конференцијата одржана по повод почетокот на кампањата „Постар ајвар носи“, со која треба оваа институција да се врати во нормала, па и повеќе од тоа.

Понатаму ќе бидат промовирани сите мерки од оваа кампања, а веќе и рекламите одат на телевизија со популарниот рефрен во позадина: „И да врне и да вее и бура да коси, тоа за постар ништo не е, постар ајвар носи“.

Токму тоа било причината и зошто тие предложиле да им се забрани на шоферите на автобусите од цела држава да не примаат пратки од родители на студенти, ниту пак од нивните баби и дедовци ако се живи, и да им ги праќаат пакетите по автобусите, оти место тие да си земат 50 денари, постата за тоа може да им земе најмалку 500 денари.

-Зошто од родителите на овие кутри деца, кои сигурно ја виделе рекламата „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ и се запишале на факултет, да им се зема само 50 денари за пакет тежок најмалку 10 килограми, кога тие за своите деца се подготвени да дадат и повеќе. Ако немаат, нема да се двоумат и да позајмат, само нивното дете да не биде гладно, рекоа крадците.

-Ние само сакаме да го искористиме ова возвишено чувство на родителите и да го наполниме буџетот, за потоа да можеме да си крадеме колку што ќе посакаме. Вака со овие пари, можеме да земаме само 5 до 6 цифрени суми, што е реалативно малку се пожалија тие.

Родителите на децата немаа забелешка на оваа нова промена, иако немаат доволно финансиски средства да ја издражат.

На прашањето дали ќе прааќаат пакети и понатаму по автобусите иако за тоа е предвидена многу скапа казна, рекоа дека да, ќе го направат тоа, само за имаме поголем буџет од кој може повеќе да се краде.

Студентите пак, рекоа дека ним им е сеедно, секако парите нема тие да ги даваат, а за 500 денари во месецот место да си купат храна од местото каде што студираат, сега нивните родители ќе можат да им ја пратат од дома, па макар и да стигне расипана и после две недели.

-Ризикот да добиеме труење на овој начин е голем, но сепак, ќе го прифатиме. Кога буџетот е во прашање ние сме подготвени да дадеме сѐ од себе, рече претседателот на студентите од провинција.

На прашањето за кој тоа буџет се зборува, сите одговорија дека никој не го видел, ниту знае каков е и колку ама постојано за него се зборува и постојано бил празен.

-Па Штета Предупредување: Ова е измислена вест и не треба да се сфати сериозно.   ]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести