Повеќе кражби пријавени во текот на изминатото деноноќие

Повеќе тешки кражби се пријавени во МВР во изминатото деноноќие во Скопје, Свети Николе и во Куманово. Како што информира МВР, ноќеска на ул.„Првомајска“ во Свети Николе, во куќа сопственост на И.Н.(51), непознат сторител извршил тешка кражба така што со употреба на соодветен алат го отворил прозорецот на куќата, влегол внатре и одзел околу 50.000 денари, 170 евра, два мобилни телефона, два фотоапарата, лаптоп компјутер при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 80.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Н.Д.(33) вчера пријавила дека истиот ден во стан сопственост на нејзиниот татко, непознат сторител извршил тешка кражба влегувајќи преку балконската врата на станот отворајќи ја со соодветен алат. Потоа сторителот го пребарал станот и одзел поголема количина златен накит, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари.

Во Полициската станица во Куманово, пак, вчера биле пријавени две тешки кражби во куќи во селото Лопате.

Во првиот случај е пријавено дека во куќа сопственост на Ќ.И.(49) кој бил на привремена работа во Австралија, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел поголема количина златен накит. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 500.000 денари. Втората кражба е извршена во куќа сопственост на С.И.(47), непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел поголема количина златен накит и пари во вредност од 6.000 денари во разни апоени,  при што се стекнал со противпрвна имотна корист од околу 260.000 денари.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести