Со кошот постигнат на шест секунди пред крајот Дерик Роуз кој по подолга пауза го одигра првиот натпревар во „Јунајтед Центар“ му донесе победа на Чикаго против Њујорк. Конечниот резултат е 82:81, а гостите не погодија во последниот напад. Чикаго беше подобар во првиот и третиот период, Њујорк резултатски се враќаше во игра во втората и последната четвртина. Резултатот по четвртини: 26:16; 17:22; 28:23 и 11:20. Роуз со 18 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека кај Њујорк се истакна Кармело Ентони со 22 реализирани поени, но го промаши последниот шут.
И на вториот НБА дуел одигран ноќеска победа забележа домашната екипа. Во Лос Анџелес, „Клиерси“ со 126:115 го совладаа Голден Стејт. По четвртини: 36:26; 32:29; 25:25 и 33:35.
Вечерва во најсилната кошаркарска лига на светот се играат 13 натпревари. Двојките се: Шарлот – Кливленд, Орландо – Њу Орлеанс, Вашингтон – Филаделфија, Атланта – Торонто, Бостон – Милвоки, Бруклин – Мајами, Хјустон – Далас, Мемфис – Детриот, Минесота – Оклахома, Денвер – Портланд, Феникс – Јута, Сакраменто – ЛА Клиперс и ЛА Лејкерс – Сан Антонио.


