Пожар избувнал синоќа нешто пред 20 часот и 45 минути во надградба на петти кат во зграда на улицата „180“ во тетовската населба Блок 70 спроти фабриката „Едтко“, пренесе МИА.
Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, во пожарот нема повредени, а материјалната штета е проценета на над 5.000 евра.
Во моментот на избувнување на пожарот сопственикот М.С.(60) со семејството биле на село. Со интервенција на тетовската територијална противпожарна единица спречено е ширење на пожарот и на другите делови од објектот, а опожарени се внатрешноста на надградбата и половина од покривот.
Според првичните информации најверојатна причина за пожарот е нестручно изведениот оџак каде што и горело најмногу.
]]>


