Комплекс куќи со ист покрив ноќеска биле опожарени во Тенеќе Маало, во населбата Топанско Поле. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Благоја Менковски информира дека пожарот бил пријавен во 2 часот и 7 минути на улицата „Македонско-косовска бригада“, во близина на бензинска пумпа.
-Се интервенира со 17 возила и 45 пожарникари. Интервениравме на време и работата е завршена професионално, изјави Менковски, додавајќи дека нема повредени лица.


