Германската Дојче банк е оптимистички настроена во однос на политичката ситуација во Грција и смета дека сегашната Влада на премиерот Андонис Самарас е во рацете на една постабилна коалиција.
Оценката е дел од извештајот на банката, пренесува грчката телевизија Скај.
Дојче банк оценува дека наспроти ограниченото парламентарно мнозинство по повлекувањето на партијата Демократска левица од коалицијата, двопартискиот кабинет во Атина повеќе ги поддржува реформите и нејзините активности сега се покоординирани. Најголемата комерцијална банка бележи позитивна промена во односите меѓу Грција и тројката меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.
Според Дојче банк засега не постои неопходност од ново отпишување на грчкиот долг и оценува дека за долгот може да се зборува по изборите за Европскиот парламент, во мај идната година. Според извештајот на банката ризикот од банкрот за Грција е низок.


