Позната руска олимписка лизгачка: Ми се тресат рацете кога ги читам вестите, не сакам да пораснам вака

Егенија Медведева, млада руска олимписка лизгачка, преку Инстаграм испрати порака и го кажа својот став за руската инвазија на Украина.

„Се чувствувам како да созреав за десет години во последните седум дена. Но, јас не сакам да пораснам вака. Јас сум само девојка која веруваше во идеалите на уметноста, во добрината и секогаш беше наивна и насмеана. Би сакала и да останам наивна и забавна цел живот. Будење наутро, гледање смешни видеа на „TikTok“… Сакам да го започнам денот со позитивни работи, наместо да ми се тресат рацете додека ги гледам политичките вести“, напиша 22-годишната девојка.

https://www.youtube.com/watch?v=lwAmZOL7hqs

Потоа додаде:

„Да, разбирам дека има многу полоши, пострашни и потешки работи со кои треба да се соочам во моментов. Но, секој ден си мислам дека би ги заменила сите мои цели и соништа со мир, меѓусебно почитување и способнос за преговарање без жртви“, заклучи Медведева.

]]>

Најчитани вести