Уште три репрезентации ќе дojдат од Европа по финалните натпревари од баражите, а петте од Африка ќе бидат познати во вторник (утре) кога победниците од баражите ќе си го обезбедат својот „билет“ за Катар. Уште две селекции ќе дојдат од квалификациската група на Северна и Централна Америка, а речиси сигурно тоа ќе бидат САД и Мексико.
Преостанатите два учесници ќе се добијат по плеј-офот во кој петтопласираната селекција од Азија ќе ги одмери силите против петтопласираната од јужноамериканските квалификации и четвртопласираната од Северна и Централна Америка против претставниците на Океанија.
ФИФА ги објави модалитетите за ждрепката за Светското првенство, закажана за 1 април, според која 28 репрезентации, кои дотогаш веќе се квалификувале, ќе бидат поделени во четири силни групи врз основа на ранг-листата на ФИФА што ќе биде објавена 31 март . Првите седум репрезентации на ранг-листата на ФИФА на 31 март ќе бидат носители, а Катар како домаќин ќе биде носител на групата А. Последната, четврта група ќе вклучува тимови кои ќе ги заземаат позициите од 24 до 28 по ред, плус три тима, кои нема да бидат дефинирани во моментот на ждрепката, а кои ќе излезат од интерконтиненталните натпревари и преостанатите победници на доиграните натпревари од УЕФА.
Украина доби одложување на полуфиналето на плеј-офот со Шкотска, а победникот ќе се соочи со Велс. Европскиот плеј-оф ќе заврши во јуни, а во Катар на 14 и 15 јуни ќе се одиграат два интерконтинентални плеј-офа.
ФИФА објави дека во иста група не можат да се вклучат репрезентации од иста конфедерација, освен оние од Европа, од каде ги има 13. Така, пет од осумте групи по четири екипи во групната фаза ќе имаат две европски селекции. Групната фаза ќе трае 12 дена, со четири натпревари дневно. Распоредот ќе биде одреден подоцна, откако за секој натпревар ќе биде доделен стадион и термин за натпревар.
]]>


