Доколку имате домашни миленици кои се плашат од пукање петарди и огномет, треба да преземете одредени мерки за да ги заштитите. Иако не сите животни се подеднакво чувствителни на пиротехнички експлозии, петардите можат да ги исплашат и сериозно да ги повредат, а многумина умираат од срцев удар.
Како да ги заштитите домашните миленици од звукот на петардите?
За домашните миленици кои се плашат и треперат, по правило, доволно е да се подготви посебна просторија каде што звуците однадвор ќе бидат намалени на најмал можен степен и ќе му обезбедат одреден интерес. Доколку е можно, направете ја просторијата да не гледа директно кон улицата.
Спуштете ги ролетните и вклучете го телевизорот или радиото за да ја пригушите бучавата однадвор и дајте му на вашето домашно милениче неговата омилена играчка, пишува 6uka.com.

Најважно е сопственикот да остане смирен, бидејќи кога животното ќе почувствува дека сопственикот не се плаши, ќе биде посмирено и порелаксирано. Ако го почувствува вашиот страв, тоа дополнително ќе ја возбуди и вознемири.
Сепак, постојат животни кои полудуваат кога ќе започне пукањето и кои не можете да ги смирите на никаков начин.
Ваквите животни треперат силно, можат да повраќаат од страв, а во некои случаи се дури и агресивни. Ако стравот на животното е многу изразен, ветеринарите советуваат да му се даде седатив кој ќе го смири или успие, а со тоа ќе ја намали чувствителноста на експлозиите.
Тоа е најхуманото решение за многу вознемирени животни, бидејќи на некои кучиња им се потребни неколку недели за целосно да се опорават од шокот.


