Пред неколку денови нашиот врховен командант, претседателот на македонската држава, разбуден од метеоролошки рафал – излезе на македонскиот сокак, на себе имаше пижама, а немаше држава, па крикна државнички: „Оставете ја армијата и полицијата на мира“!
Темно небо урла над македонската „државност“ – брутален карневал на боговите, ѓаволите и крвожедните sверови, архетипови на злосреќа, страв, безнадежност и митови. Самиот, државникот, без останатите скотови кои мислат дека државата е можнa како протеза, неспособен да се убие и така да се „исчисти“ од името кое ја претставува „македонската државност“. Трча во неговиот осумгодишен мандат, трча во политика која е тотално безначајна за пошироки рамки, опкружен со психопати и нарциси, лопови кои ја крадат сопствената нација. Дури и тој, врховниот командант не сака да погине за својата пропагандна политика, прво ја штити војската – образец кој го дефинира лично него, и политцијата – кого дефинира некого друг (се знае кој). По потреба, прво треба да штити, по треба треба да напаѓа – униформирани одела кои низ Скопје толчат студенти и носат ниско пропишани пиштоли. Има, државникот, други, цели наоружани групации за толчење кога веќе е неспособен да ја заложи својата глава под македонскиот бајрак – подигнат над јарболот на уништената македонска државност.
Да тргнеме од второто прашање, Скопје се скрива така што себе се претставува како единствен заслужен за природниот крај на митот за македонското јунаштво, коптиран преку мноштвото иституции, згради на министерства, полициски управи и’ на тоа слично. Не се работи само за бедна трговија на Никола со „државникот со блесав акцент“, туку тоа што денешните инсистуции во Скопје претставуваат целосна пропаст на една политика, национална хипоноза која прерасна во деспотизам ослободувајќи ги своите верници за гревовите и сопствената судбина, засушувајќи ја желбата за вистинска слобода, правда, мир и напредок. Таа терминална војна, како врвен производ, беше прва и единствена причина зошто младите од Македонија бегаа и се’ уште бегаат без разлика што доминантната матрица меѓу „граѓанството“ е ултра-конзервативно.
Таква политика не’ чинеше повлекување во себе, десетици, стотици илјади иселени, осуденици кои живеат во национален корпус од знаци и „вредности“, комплексаши задоени со воена реторика, апатични губитници кои се заглавени во сеопшта криминализација, распаѓање на нацијата, меѓународна изолација (знае ли некој кој официјален званичник ја посетил Македонија последниве десет години од „европскиот триаголник“?), токсична ксенофобија, токсичен конзервативизам и отровен груевизам.
Дури и најамебоидните груевисти ја чувствуваат лажната природа на таквата идеологија, овозможувајќи им на својата политичка класа, скриена позади „институциите“ и позади идеолошкиот имагинариум „Скопје“, град-конструкт, кој освен парите и ресурсите, не значи ништо во споредба со она Скопје кое некогаш беше: град на вклученост, солидарност, место кое создава добра енергија и шаренило на луѓе од разни конфесии и етникуми; па така, позади одвратните пораки – кои се само зборови и во политичка смисла не објаснуваат ништо, не ја полнуваат политичката содржана во идејна смисла – се создаде нова социјална револуција во која „фукара се обогати, а памет зачути“.
Никој повеќе не сака да погине за територија во која мртвите немаат име, сеќавање, вредност, родителите и честа се само магариња за носење на товар, или ништо друго освен топовско месо вклучено во игра – чија крв е црвенкаста?
Мало наравучение: ништо повеќе не може во Скопје да се премолчи и сокрие со таканареченото официјално премолчување: Македонија денес има проблеми затоа што една победничка политика која не водеше од пораз во пораз, следствено на тоа, не одведе до тотален распад, создаде само онакви луѓе кои ќе можат да добијат робовска чорба во облик на куќа, пари, функции, простување на гревовите, дозволи за пљачкање, уште пак, глумат непрокопсаниците како живеат во држава која знае што сака и каде оди. Затоа е добро што ниеден Македонец не сака да се заврши крваво груевистичката сага: тоа е најдобриот реферндум за дометите на стратегијата која после уништените градови, уништената земја, ја уништи и душата на Македонецот.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


