Во “Фини мали буџетчиња” владата доби многу добра кадровска база, а децата на вработените во Министерството за финансии, сигурна иднина во затворениот систем на напредување до министри, секретари, лидери и така натаму. “Прекрасно мало фашизамче” би можела да се вика нивната химничка. Се разбира, ќе се офајди и владејачката партија која во овој колибриски резерват ќе добие се што и е потребно: од членови на Извршниот одбор, до гласачи и кретени за сите други функции!
Мал проблем е состојбата во која се наоѓа Македонија. Децата што ги галеше лудиот министер како што Хитлер ги галеше последните Германчиња во битката за Берлин, нема да умрат за Македонија и за нејзиното шаткасто фирерче, само ако Македонија умре пред нив или ако некои други деца и возрасни решат да умрат за нејзината слобода! Можеби тоа ќе бидат вработените во Министерството ако сватат дека се што им порачува власта со вие потези може да се смести во два збора: ебете се!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


