Пресврт во Јапонија: Загуби владејачката коалиција


Јапонската владејачка коалиција го загуби мнозинството на денешните избори, покажуваат прелиминарните резултати од изборите во Јапонија.

Овој исход од гласањето ја остава четвртата по големина светска економија пред изгледите помалите партии да бидат креатори на преговорите за идната коалиција, пишува Политико.

Според прелиминарните резултати, владејачката коалиција на Либерално-демократската партија (ЛДП) – Комеито нема да добие мнозинство во јапонскиот парламент од 465 пратеници, каде што претходно имаше 247 пратенички места.

Сега се предвидува дека таа ќе достигне 219, помалку од 233 потребни за мнозинство во Долниот дом. На изборите Уставната демократска партија на Јапонија значително го зголеми бројот на пратенички места на повеќе од 130, од ​​98-те што ги имаше досега.

Лидерот на таа партија, Јошихико Нода, кој исто така е поранешен премиер, рече дека партијата „сега навистина е на пат да ја промени власта“, објавија локалните медиуми .

ЛДП би можела да остане на власт со воведување партнери и формирање нова коалиција или со формирање малцинска влада која во клучните прашања треба да биде поддржана од ривалските партии кои одбиваат формално да бидат во влада со неа.

Премиерот Шигеру Ишиба распиша вонредни избори пред помалку од еден месец, откако го презеде раководството на владејачката Либерално-демократска партија.

Најчитани вести