Претрес во Велес, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 04.05.2023 во 16.15 часот во близина на стар мост во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ш.(42) и Р.С.(25), двајцата од Велес. При преглед кај Р.С. биле пронајдени и одземени хероин,  амфетамин и дигитална вага, додека при преглед кај А.Ш. била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен и претрес во домот на А.Ш., при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

Двајцата биле приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести