Претреси за детска порнографија во повеќе градови, меѓу осомничените наводно има и луѓе познати во јавноста

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, во координација со одделенијата при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата, објави „Скопје1“ од извори во истрагата.

Според информациите, се вршат претреси на вкупно седум локации, со цел обезбедување докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во Кривичниот законик. Еден од претресите е кај лице кое се поврзува со бугарско здружение во државава, пишува „Скопје1“.

Од МВР информираат дека во текот на претресите се одземаат компјутерски уреди и дигитални податоци кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа и ќе послужат како доказен материјал во истрагата. Според неофицијални информации, едно од лицата опфатени со акцијата се поврзува со медиумски ангажмани, односно поткасти.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести