– На средбата беше присутна и Ленче Николовска, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Факт е дека години наназад се соочувавме со проблемот на пласман и исплата на родот. Беше разговарано за изнаоѓање решенија, финансиска поддршка преку кредити или некој друг начин за откупувачите да бидат посигурни кога ќе влезат во откупот, а истовремено, сигурноста да е поголема и за производителите, околу исплатата, појасни градоначалникот. Јанев изрази надеж дека годинашнава берба на праски ќе помине без проблеми при пласманот и откупот на родот. Извор: МИА]]>


