Принцовите Вилијам и Џорџ волонтираа во засолниште за бездомници

Принцот од Велс и неговиот син Џорџ оваа недела волонтираа во добротворна организација за бездомници во Лондон, во посета што потсетува на сопственото воспитување на Вилијам, кога тој беше запознаен со засолништето од неговата мајка Дијана, покојната принцеза од Велс.

Вилијам и 12-годишниот Џорџ ја посетија „Пасаж“, британска организација за бездомници во центарот на Лондон, за да помогнат во подготовката на традиционалниот божиќен ручек.

Во видео објавено на официјалниот X профил на принцот и принцезата од Велс, Џорџ може да се види како носи престилка, поставува божиќни украси и помага во подготовката на храна за свеченоста.

– Горди сум што им се придружив на волонтерите и персоналот во „Пасаж“ во подготовката на божиќниот ручек – оваа година со неколку дополнителни помагачки раце – се вели во соопштението во рамки на видеото од излетот на таткото и синот.

Вилијам првпат го посетил „Пасажот“ со својата покојна мајка Дијана кога имал 11 години – клучен момент за кој вели дека го обликувал неговото континуирано вклучување во борбата против бездомништвото, вклучително и лансирањето на програмата „Homewards“, која финансира иницијативи за помош на бездомниците низ Велика Британија.

„Никогаш порано не сум бил на нешто вакво и бев малку нервозен што да очекувам“, рече Вилијам за својата прва посета на засолништето во документарец за бездомништво објавен минатата година.

– Се сеќавам дека имавме добри разговори додека игравме шах и разговаравме. Потоа сфатив дека има и други луѓе кои немаат ист живот како тебе – додаде тој.

За време на посетата, Џорџ се потпишал во книгата за гости на истата страница каде што неговиот татко и покојната баба Дијана претходно ги оставиле своите потписи, вели извор од палатата.

Таткото и синот разговарале со луѓе погодени од бездомништво и слушнале како организацијата им обезбедува поддршка, посочи овој извор.

Најчитани вести