Во редакцијата на Мактел пристигало итнересно писмо од вработен во АРМ, кое порталот го пренесе во целост:
Со целосна подршка и почит на твојот труд што од петни жили се трудиш да им објасниш на некои заслепени луѓе но сето тоа е џабе Саше.
Пред се да се представам јас сум припадник на АРМ кој во 92 година неместо да се вселувам диво во некој стан јас работев 24 часа за да ги оспособам врските во АРМ низ цела македонија ( со уште неколку мои колеги) а денес гледам како се крчми имотот на АРМ како да им е дедовина или пак татковина згора на се уште и ми донесоа решение да враќам пари за закупнина која ми е исплатувана за уназад една и пол година односно 96. илјади денари како да сум лопов затоа што сум живеел кај мојот родител под кирија и за која тој уредно со години си плаќаше данок на државата.
згора на се само на дел од припадниците на АРМ им се укинати таквите закупнини додека во специјалните едници и други команди само им се укинаа без да враќаат пари тоа е доказ дека ниту има еднаквост во донесување на решенија ниту еднаквост во почитување на законите во АРМ а како што стојат работите ниту во државава и судството.
Иако имаме поднесено изјава заверена на нотар за семејно домаќинство каде се јасно впишани мојот син и мојата сопруга овие дури не убедија дека и бабата и дедото тоест мајката на сопругата ми се задничко домаќинство, па дури тврдат дека ми се родители не прават малоумни боже сачувај ко да сме оженети со сестри, односно живееме во инцес со благослов на матичари и попови кои не венчале.
Незнам што друго да кажам оваа е страшно те поздравувам и ти посакувам да истраеш во својата борба за ова влас да си замине конечно.
]]>


