Пристигнаа вакцините за превенција од јазлеста кожа

Денеска 250.000 дози од вакцината за спречување на болеста јазлеста кожа кај говедата пристигнаа во Македонија – соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. Оттаму додаваат дека во тек е дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари.

Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста јазлеста кожа.

Оваа тропска болест првпат се појави во Македонија и воопшто во Европа и интензивно се шири. Болеста јазлеста кожа кај животните е вирусно заболување и не постои ризик по здравјето на луѓето. Месото и млекото не се опасни, а човекот може да ги употребува бидејќи болеста ги напаѓа само говедата.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести