Притвор, специјален!

Немам ништо против што оној елемент од Петтата управа, да не речам петтиот елемент, го пуштиле на домашно лекување, но дајте тие работи да ги нормираме како во секоја нецивилизирана држава: за штета до 100 милиони евра, притвор во хотел со три ѕвездички, за штета до 1 милијарда евра, притвор во хотел со пет ѕвездички, за штета над 5 милијарди евра притвор во харемското одделение на султанот од Брунеи.
Ако за комитите и војводите го обезбедиме тој стандард, автоматски ќе ја растовариме притворската единица во Шутка и тука во секое време ќе можат да преноќат луѓето од наплатните рампи, марулџиите, Кежаровски, Кили и другите штеточински елементи во нашата обожавана Македонија!
Толку ли е тешко еден специјалис да се донесе, стоко!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

Најнови вести

Најново од Ракурс