Да бев пред “Александар палас” јас ќе го замолев премиерот да не го ремети собирот! Да не остави да си ја тераме работата или, ако сака, да не почека во лобито на хотелот со кафе на наша сметка! Професорите никогаш не би успеале да упаднат на седница на неговата влада како што тој упадна на нивната средба. Освен тоа, веќе во првата милисекунда неговото доаѓање ќе го протолкував како знак дека треба да ја кренам до максимум својата, односно нашата цена, а неговата да ја спуштам до најдолниот минимум! Во истата наносекунда ќе го оценев неговото доаѓање како знак на неговата паника и за недобронамерен, односно за злонамерен чин од аспект на академската кауза! Зад тој потег стојат истите мотиви какви што стојат зад блеформата на високото образование: не афирмација на знаењето, туку покорување односно разнебитување на универзитетот како матичен број на граѓанскоста, на нормалноста, на модерноста и, зошто не, на македонскоста! Со сите, не мали слабости што ги има, односно со сите слабости кои повикуваат на реални реформи, а не на блеферски спектакли за прикривање на злото што го емитира власта!
Значи, нема дијалог затоа што тој ги скокна сите можности за дијалог, го помина без дијалог законот во владина процедура, бегаше од дијалог во собраниската процедура, го донесе законот во првата фаза, одби да го чуе ставот на светската модерност, научност и образованост, од студентите направи инструментализирана маса на незрелоста, а од професорите опортунистички штеточини!
Минимумот на сите минимуми е:
1.Безусловно повлекување на законот!
2.Оставка на ресорниот министер!
3.Другите барања ќе ги соопштиме по реализацијата на овие барања ( мора да му го држиме стравот, јебига)!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


