Прогласени најдобрите на ЕП во Данска

Ракометарот на Франција, Никола Карабатиќ е прогласен за најдобар играч на Европското првенство во Данска, но тој не е дел од идеалниот тим на ЕХФ за овој шампионат.

„Ол стар“ седморката на ЕП 2014 според ЕХФ ја сочинуваат:

голман – Никлас Ландин (Данска), лево крило – Валур Сигурдсон (Исланд), лев бек – Микаел Хансен (Данска), среден бек – Домагој Дувњак (Хрватска), десен бек – Кшиштоф Лијевски (Полска), десно крило – Лук Абало (Франција), пикер – Жулиен Агинагалде (Шпанија).

Најдобар стрелец на првенството е Жоан Канаљес од Шпанија со 50 голови.

За најдобар одбранбен играч е прогласен Тобиас Карлсон од Шведска.

]]>

Најчитани вести