Играчот на Јувентус Андреа Пирло е прогласен за фудбалер на годината во Италија, а тренерот на истиот клуб Антонио Конте за најдобар во својата струка во изборот на Италијанскиот фудбалски сојуз.
Актуелниот шампион Јувентус е прогласен за екипа на годината, а четворица негови членови се во идеалната постава.
Место во идеалните 11 обезбедија:
голман: Самир Хандановиќ (Интер), одбрана: Кристијан Маџо (Наполи), Матија де Шиљо (Милан), Андреа Барзаљи (Јувентус), Џорџо Киелини (Јувентус), среден ред: Андреа Пирло (Јувентус), Артуро Видал (Јувентус), Борха Валеро (Фиорентина), Антонио ди Натале (Удинезе), напад: Едисон Кавани (Наполи), Марио Балотели (Милан).
За најдобар млад фудбалер е прогласен Доменико Берарди од Сасуоло.
Никола Рицоли доби најмногу гласови од делителите на правдата на натпреварите во Серија А.
]]>


