Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги измени пропозициите со кои им се давеше можност на репрезентациите учеснички на Европското првнатово во Данска, да прават измени на играчи. Непосредно пред стартот на првенството ЕХФ реши да ги направи овие измени. Така наместо претходните пропозиции во кој репрезентациите во групната фаза играа со пријавените 16 ракометари, а право на две измени во составот можеа направат пред почетокот на втората фаза, како и една пред полуфиналните борби, сега е дозволено три измени.
Трите измени репрезентациите можат да ги натправат во текот на во било која фаза од шампионатот, а максималниот број на дозволени измени останува ист (три). Тоа може да бидат само ракометари кои беа пријавени на поширокиот список речиси еден месец пред почетокот на првенството.
Прв, кој ги искористи новите пропозиции е исландскиот селектор Арон Кристјансон, кој за средбата против Унгарија на местото на Стефан Сигурмансон го стави Олафур Гудмундсон.
]]>


