Во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска беше промовиран новиот селектор на репрезентацијата Александар Џикиќ.
– Чест ми е да бидам селектор на националниот тим во земја каде кошарката се сака. Иако сум овде странец, не се чувствувам така и ќе направам се за довербата што ми се укажува да ја оправдувам. Имаме многу работа, имаме и време, и мислам дека ова ќе биде добро искуство и за мене и за МКФ, изјави Џикиќ на денешната промотивна прес-конференција.
Тој додаде дека ќе ја почека жрепката за квалификациите за Европското првенство во Украина, а потоа ќе се дефинираат приоритетите, но секако останува основната цел, пласман на овој евро-шампионат.
Џикиќ најави подмладување на репрезентацијата, но не по секоја цена и не, како што рече, со насилно подмладување.
– Ако се биде во ред со нивниот развој очекувам неколку играчи да бидат носители на играта на репрезентацијата во иднина. Но тоа не значи дека се откажуваме од поискусните и ќе поразговарам со дел од играчите кои најавија повлекување, рече Џикиќ.
Договорот на новиот македонски селектор има важност од две години, а задоволство од неговиот ангажман искажа првиот човек на МКФ Даниел Димевски.
– Среќен сум поради тоа што го имаме Џикиќ за селектор. Тој многу знае кошарка, одличен тренер е, млад и амбициозен со импресивна биографија и таму каде што работел постигнувал фантастични резултати и затоа МКФ му ја довери задачата да не однесе на следното Европско првенство, истакна претседателот на МКФ Даниел Димевски.
Што се однесува до шпекулациите за откажувањето од настапите во „црвено-жолтиот“ дрес Димевски демантира


