Пронајдена рачна бомба од Првата светска војна

 МВР соопшти дека во селото Долна Чарлија, Општина Могила, била пронајдена рачна бомба од Првата светска војна.

Пронаоѓањето е пријавено вчера попладне во Полициското одделение Новаци по што бомбата е безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Увид извршила екипа од Полициското одделение Новаци. 

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести