Пронајдено безживотното тело на 29-годишното момче кое исчезна кај село Дрвош

Фото: Илустрација

Денеска е пронајдено безживотното тело на 29-годишното момче М.П. кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош.

Tелото е пронајдено по седумдневно пребарување и извлечено од страна на тимот од пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица.

Неговото исчезнување беше пријавено на 16 јули во 13:30 часот. Тој ден околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Најнови вести

Најново од Хроника