Украинската проруска опозиција побара денеска рускиот да стане втор официјален јазик и да добијат поголема автономија на проруските региони во Украина.
– Итно треба да се изгласаат закони со кои ќе им се дадат поголеми овластувања и да се даде на рускиот статус на втор државен јазик, наведе во коминике Партијата на регионите на соборениот украински претседател Виктор Јанукович.
Формацијата се дистанцира од Јанукович по соборувањето од власт во крајот на февруари. Декларацијата беше објавена по судирите меѓу проруски и проукраински демонстрации синоќа во Доњецк во кои загина еден човек и повредени беа над 20 луѓе.
– Новата власт не може да реши ниту еден проблем. Ниту една од преземените мерки не донесе прекин на ескалацијата во јужните и источните региони на Украина. Напротив, преземените акции само ги засилија тензиите, се вели во соопштението на Партијата на регионите.
]]>


