Од “Темплум” ме информираа дека ” Проститутката која го сакаше својот мевосек” од вечерва, најдоцна од утре, ќе може да се купи во книжарниците на ” Табернакул”, ” Или Или”, “Три”, “Матица македонска” и во “Култура” во центарот на Скопјанг!

Цената ќе биде 400 денари, добра прилика за оние што сакаат тој ден да се откажат од планираната покупка на шестотини грама добар осоговски кашкавал! Овчи!
Ќе ми биде драго да го продадеме првото издание од 68.000 примероци и да отпечатиме второ, специјално издание од 5.000 примероци, што ќе им го продаваме на вмровците во Идризово по 10.000 евра парче со надеж дека еден ден, ако читаат доволно концентрирано и итензивно, по десет или по триесет години, ќе може да им дојде умот!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


