
Ниту еден сточар од Општина Петровец нема добиено под концесија државно земјоделско земјиште. Тендерите кои во соработка со министерството за земјоделие ги објавуваше општината, беа повлекувани во нетранспарентна постапка,или пак ги добиваа поединци кои не се занимаваат со земјоделие.Дополнително сточарите се соочуваат со вештачки создадената млечна криза предизвикана од болеста јазлеста кожа, која вешто ја користат млекарниците намалувајки ја откупната цена, иако во Петровец не е регистриран ниту еден случај со оваа болест.
Жители од населените места посочуваат дека земјоделско земјиште е делено на фирми и на поединци кои понатаму го рентаат на други, додека месното население е принудено стоката од која живее да ја напасува по околните плании.
Ова плодно земјоделско земјиште од 40-тина хектари е дадено на фирма која се занимава со сепарација на песок на реката Пчиња,а некогаш овде постоела оранжерија која вработувала 80 луѓе.Со нејзиното работење се уништуваат речното корито и подземните текови,се намалува дотекот на вода што според жителите го доведува во прашање наводнувањето на сопствените ниви.
Извор:Телма


