Натпреварот Атланта – Детроит кој ноќеска требаше да се одигра е одложен поради лошите временски услови во Атланта. Ова е вкупно трета неодиграна средба сезонава во НБА лигата во предвидениот термин, а прва која се откажува поради лоши временски услови.
Претходно забележан е прекин на натпреварот Милвоки – Торонто порадфи лизгав паркет во салата, а дуелот Минесота – Сан Антонио кој требаше да се одигра во Мексико не ни започна поради појавување на чад во салата на 40 минути пред закажаниот почеток.
Од предвидените 11 ноќеска се одиграа 10 натпревари. Постигнати резултати: Оклахома Сити 95:112, Торонто – Орландо 98:83, Бостон – Филаделфија 94:95, Милвоки – Феникс 117:126, Минесота – Њу Орлеанс 88:77, Далас – Хјустон 115:117, Денвер – Шарлот 98:101, Сан Антонио – Чикаго 86:96, Сакраменто – Мемфис 89:99 и ЛА Клиперс – Вашингтон 110:103.
Вечерва играат: Индијана – Феникс, Њујорк – Кливледн и Голден Стејт – ЛА Клиперс.
Пласман Источна конференција: Индијана 35-9 (победи – порази), Мајами 32-13, Торонто 24-21, Атланта 23-21, Чикаго 23-22, Вашингтон 22-23, Бруклин 20-23, Шарлот 20-27,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 37-10, Сан Антонио 33-13, Портланд 33-13, ЛА Клиперс 33-15, Хјустон 31-17, Феникс 27-18, Голден Стејт 27-19, Далас 26-21.
]]>


