Прва победа на МЗТ Скопје во Еврокупот

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, ја забележаа првата победа во Еврокупот, откако попладнево ја совладаа естонската екипа Калев.

Во натпреварот од 4.коло на групата Г, одигран во салата Борис Трајковски во Скопје, македонскиот првак МЗТ Скопје го победи Калев Талун со 79:70, по четвртини 15:17,18:18, 23:18 и 23:17. Најефикасен во тимот на МЗТ Скопје беше Тодор Гечевски со 16 поени. Стеван Синовец придодаде 14, а Ѓорѓи Чековски беше стрелец на 13 поени за „сино-белите„.

Во гостинската екипа за која ова беше петти пораз во Еврокупот, најмногу поени (14) постигна Ти Табот. Со оваа победа МЗТ Скопје ја прекина низата од шест порази во двете натпреварувања во кои настапуваат, Еврокупот и АБА лигата.

Покрај овој натпревар денеска се играат и останатите две средби во оваа конкуренција. Макаби Хаифа со 72:69 го победи тимот на Банвит, а во тек е натпреварот меѓу Рига и Уникс Казан.

Табела: Уникс Казан 3-0 (победи-порази), Банвит 2-2, Макаби Хаифа 2-2, МЗТ Скопје Аеродром 1-3, Рига 2-1 и Калев Талин 0-4.

Најчитани вести