Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на ноќниот слалом што се возеше во австриски Шладминг. Тој двете трки ги заврши со време 1:47.43.
За Кристоферсен ова беше прва слаломска победа по двете трети и едно второ место на претходните трки и воопшто прв триумф по неговите 23 трки во Светскиот куп.
На второто место се пласира Марсел Хиршер (Австрија) со 18 стотинки заостанување зад Критоферсен, а на подиумот место имаше и за трето пласираниот, Феликс Нојројтер (Германија) кој доцнеше 19 стотинки зад 19-годишнниот австриски скијач.
Во вкупниот пласман за слалом прв е Хиршер со 420 бода, Нојројтер е втор со 370 исто колку што има и Кристоферсен.
Генерален пласман во Светскиот куп: Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) 897 бодови, Хиршер 875, Алексис Пинтуро (Франција) 714.
]]>


