Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал првпат во својата богата кариера победи на спуст патеката во италијанскиот скијачки центар Бормио.
За норвешкиот скијач ова беше четврта победа сезонава или вкупно 25-та во Светскиот куп.
Свиндал победи со време од 1:54.08, пред Ханс Рајхелт (Австрија) кој заостана 39 стотинки и Ерик Гај од Канада кој имаше половина секунда послабо време од победникот.
Пласман во спуст: Свиндал 300 бода, Гај 207, Реихалт 180,…
Генерален пласман: Свиндл 630 бодови, Марсел Хиршер (Австрија) 435, Тед Лигети (САД), 329, Ханс Реихелт (Австрија) 296,


