Р.Б. (20) и Д.О.(19) од Скопје биле пренесени во Ургентниот центар откако по употребата на пиротехнички средства си ги изгореле рацете, извести полицијата.
Трагедијата се случила вчера, на 30.12.2013 година, околу 16:30 часот, на ул. „Благоја Паровиќ“ во Скопје. Во Ургентен центар Скопје и на двајцата им се констатирани телесни повреди, а Р.Б. е задржан за понатамошно лекување. Против двајцата ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок од ЗППЈРМ.


