Болеста јазлеста кожа зазема голем замав и во општина Ранковце. Општа паника владее меѓу сточарите. Единствениот извор на средства за егзистенција полека го губат. Скоро во сите села се шири болеста. А животните тука се како дел од семејството, уништувајќи ги нивните животи се уништуваат и животите на земјоделците, на испатените. Неинформирани не знаат што да прават и како да постапат. Заболени животни на ѕверски начин се убиваат, по ниви во сред поле. Според неофицијални информации пука кој ќе стигне, со ловечки пушки, со пиштоли. Наместо стручни и овластени лица да го прават тоа. Ги влечат до јамите со трактори. Вакцинацијата доцни! Мерките за превенција неефикасни.
Болеста е раширена во селата: Герман, Криви Камен, Радибуш, Љубинце, Гиновце, Опила, Одрено за останатите чекам информации.
Државата затаи, одговорност мора да има! А решенија уште побрзо. Инаку ќе ги организираме земјоделците на протести! Советот на општината мора да формира #КризенШтаб.
Фејсбук статус на Мики Милковски


