Путин му врати на Бајден: Кога проценуваме други луѓе и земји, тоа е како да гледаме во огледало…

По вчерашниот брутален напад од страна на американскиот претседател Џо Бајден, кога во интервју за Еј-Би-Си кажа дека рускиот претседател „ќе ја плати цената за неговото наводно мешање во изборите во САД“ и „дека го смета за убиец“, денеска рускиот претседател Владимир Путин на Бајден му посака „добро здравје“.

-Кога проценуваме други луѓе и земји, тоа е како да гледаме во огледало, рече Путин, пренесен од руските медиуми.

Путин кажа дека во американскиот естаблишмент има многу чесни и почитувани луѓе и дека Русија ќе се потпира на нив.

Рускиот претседател оцени дека Вашингтон е посветен на односите со Москва само под свои услови и дека Русија ќе работи на овие односи само под услови што се поволни за неа. 

]]>

Најчитани вести