Путин потпиша закон со кој Русија „краде“ околу 500 авиони

Русија вчера усвои закон со кој практично оневозможува глобалните компании за лизинг на авиони да си ги вратат своите авиони од Русија, пишува Би-Би-Си. Новиот закон ќе овозможи странските авиони да бидат регистрирани во Русија „за да се обезбеди непречено функционирање на цивилната авијација“.

Со овој закон руските авиокомпании што имаат во моментот изнајмени авиони од странски и домашни (руски) компании можат да си ги задржат.

Од околу 980 цивилни авиони за кои се верува дека постојат во Русија, 777 се под долгорочен лизинг. Од тие 777, 515 се под закуп од странски фирми. Би-би-си пишува дека тие 515 авиони вредат околу 10 милијарди долари.

Проблемот за руските авиокомпании беше тоа што Ирска и Бермуди, каде што се регистрирани огромното мнозинство странски изнајмени авиони, веќе објавија дека ги повлекуваат сертификатите со кои се дава одобрение за летање на тие авиони.

Новиот закон, потпишан од Путин, го „заобиколува“ овој проблем за руските авиокомпании за тие да можат да ги регистрираат овие авиони во Русија, се разбира во моментот, само за летови на руски територии.

]]>

Најчитани вести