Путин вети 5.000.000 рубљи за секој загинат руски војник и тврди: Украинците и Русите се еден народ

Украина и Русија се договорија наскоро да се одржи и третата рунда преговори, изјавил украинскиот преговарач, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека Украина не ги добила очекуваните резултати, но дека двете страни постигнале договор за заедничка безбедност на хуманитарните коридори за евакуација на цивили.

Во меѓувреме, додека траат преговорите меѓу руската и украинската страна, претседателот на Русија, Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност.

Тој рече дека „специјалната воена операција“ во Украина се одвива според планот.

https://twitter.com/maxseddon/status/1499428529964036103

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот Исток. Тие користат цивили и странци како жив штит. Тие користат кинески студенти кои сакаа да го напуштат градот“ – рече Путин, додавајќи дека за време на операцијата во Украина, руските војници се однесувале храбро, „како вистински херои“.

Тој исто така рече дека Украинците се заканувале и дека „мозокот им е исперен“, дека тој сака да ја уништи таа „антирусија“ создадена од Западот.

На почетокот на своето обраќање Путин и членовите на Советот со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите војници.

Путин рече дека на семејствата на руските војници кои загинале во Украина ќе им бидат исплатени дополнителни пет милиони рубљи (во моментот 50.000 евра), а семејствата на повредените ќе добиваат и дополнителна месечна парична помош.

Министерството за одбрана на Русија, претходно соопшти дека за време на операција во Украина загинале 498 руски војници, а 1.597 се повредени.

]]>

Најчитани вести