Работи ли Мицкоски нешто преку цел ден, за што ја добива факултетската плата?


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во текот на пандемијата стана синоним на непримерен, недисциплиниран и неодговорен граѓанин. Нема седмица да помине а тој да не биде во центарот на некој скандал. Последен негов испад е седењето во внатрешен дел на кафана, онаму каде што е забрането согласно препораките за заштита од вирусот. Со таквото недолично однесување Мицкоски е директен учесник во можноста за ширење на заразата, ако се знае дека не бил сам, туку во друштво.

Мицкоски колку и да сака да ги сокрие нехуманите постапки, сепак, секогаш ќе се најде некој да го улови и да го фотографира, сними, или барем да го препознае и да го пријави… Како и да е, Мицкоски остава впечаток во јавноста на неработник и на позер. Секогаш е некаде каде што прекршува мерки, само не е на работното место на факултет.

Неславно завршија неговите посети на теретана во време кога фитнес клубовите имаа забрана за работа. Но таквите правила не важат за Мицкоски и тој не водејќи сметка за јавното здравје продолжи да оди да вежба. Потоа се обиде во јавноста да демантира дека тоа биле стари фотографии и дека тој воопшто не бил да тренира, но од друга страна телефонски се јавувал во МВР да притиска да не го гонат. Ако беа стари фотографиите немаше да има потреба Мицкоски да користи врски во полицијата кај Чулев.

И така, Мицкоски ту е во теретана, ту е на Водно, па ваму, па онаму, и се некако како да е без обврски, па голем дел од времето посветува на себе. Од што е толку посветен на себе и на неговите третмани и физички активности, сега и дремења по кафани, не стига да ги прочита владините мерки за спречување на вирусот, па затоа на социјалните мрежи се правда дека седел внатре во кафаната затоа што не знаел за мерките. Смешно е, ама и трагично. Оној кој гласно ги критикува мерките, сега да се вади дека не ги познава.

Срамно е ваквото оправдување на Мицкоски. Ако тој не ги знаел мерките сигурно ги знаел сопственикот на кафаната оти на сила се од минатата надела, па тој можел да ги упати надвор Мицкоски и екипата. Ама не, избрал да го сокрие Мицкоски од другите гости, а потоа го криел и од пазарните инспектори кои дошле на увид. Сега и на двајцата им се заканува казна, на правното лице парична, а на Мицкоски и до една година затвор, оти Кривичниот законик пропишал дека виновен е тој што во време на пандемија нема да почитува мерки и што ќе го загрози здравјето.

]]>

Најчитани вести