Екипата на Работнички и петти натпревар во Првата лига нема доживеано пораз. Денеска на стадионот во Ѓорче Петров во натпревар од 14.коло Работнички го победи Гостивар со 2:0. Со оваа победа Работнички има серија од 11 бодови и воедно му се реваншираше на Гостивар за поразот во првиот дел од првенството. Двата гола ги постигна Крсте Велковски во 45.минута и во 68.минута и стигна до бројката од 11 голови.
Работнички сега со 24 бодови е на втората позиција, но и натпревар повеќе, додека Гостивар остана на последното место со 10 бодови.
Другите дуели од 14.коло се играат на утре, а двојките: Металург – Шкендија, Брегалница – Напредок, Хоризонт Турново – Пелистер, Ренова – Вардар и Еуромилк – Македонија ЃП.
Почетокот на сите натпревари е во 13 часот.


