Во сообраќајна незгода што се случи синоќа околу 21:00 часот на крстосницата на бул. „8 Септември“ со бул.„Партизански Одреди“, загина Оливера П.(25) од село Љубница-Радовиш. Патничкото возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.И.(45), удрило во пешакот Оливера П., која од силината на ударот починала на лице место.


