Познатата нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ се пошегува со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас во интервју за „Би-Би-Си“ изјави дека не сака да се вакцинира, па ако треба и нема да се натпреварува за најголемите трофеи, односно Грен слемови.
Во оваа прилика Ѓоковиќ објасни и дека тој не е анти-ваксер, а на новинарот што го интервјуираше му посочи дека му е исклучително важно да се огради од таа група.
-Не сум антиваксер, но ќе ризикувам да не ги освојам трофеите, ако ми наредат да се вакцинирам – изјави Ѓоковиќ.
Оваа изјава на Ѓоковиќ ја искористија од „Рајанер“ и се пошегуваа со тенисерот.
„Ние не сме авиокомпанија, но летаме авиони“, напишаа на Твитер од „Рајанер“, како коментар на интервјуто на Новак за Би-Би-Си, кое беше насловено: