Македонската ракометна репрезентација од неделата се наоѓа во Пореч, Хрватска каде ја одржува првата фаза од подготовките за претстојното Европско првенство. За вечерва или најдоцна утре се очекува приклучување на репрезентацијата и на капитенот Кирил Лазаров, кој по настапот со Барселона во АСОБАЛ купот, беше заглавен по аеродромите и маглата присутна во Македонија.
Потоа ќе остане на репрезентацијата да се приклучи и голманот Борко Ристовски, кој утре има натпревар од Бундес лигата.
Избраниците на селекторот Ивица Обрван на 28 декември (во сабота) ќе одиграат контролен натпревар со Словенија, која се подготвува за настап во квалификациите за Светското првенство, бидејќи не е учесник на Европското во Данска.
Репрезентацијата подготовките во Пореч ќе ги заврши на 30 декември по што се враќа во Македонија, каде по Нова година продолжува со тренинзи.


