Ракометарите загубија на првата контролка

На првиот контролен меч пред настапот на Европското првенство, македонската ракометна репрезентација вчеравечер загуби од Словенија во Трбовље со 31:26. Селекторот Ивица Обрван имаше шанса да им даде можност да играат на 16 ракометари, а на трибините останаа Дејан Пецаковски и Влатко Митков.

Македонија добро го почна дуелот, имаше и позитива од четири голови разлика 10:6, но не го зачува до паузата и на полувреме се отиде со нерешен резултат 12:12.

Потоа Словенија ја презема целосната иницијатива и имаше водство од 1-2 гола во текот на целото второ полувреме за на крајот убедливо да слави.

Ова беше единствениот контролен натпревар планиран за време на подготовките кои се одржаа во Пореч. Националниот тим денеска  се враќа во Македонија, а на турнирот во „СРЦ Кале“, кој ќе се одржи од 3-5 јануари, ќе се одиграат пријателски натпревари со Србија и со Црна Гора.

Најчитани вести